Мини зоолошка градина со диви животни откриена во угостителски објект во Чегране

Од:

Во угостителски објект во Чегране била откриена мини золошка градина со диви животни за кои сопственикот немал соодветна документација информираат од Министерството за внатрешни работи.

-На 20.11.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за општ и насилен криминал, во содејство со Оддел за специјални полициски операции, СВР Тетово, инспектори од Државен инспекторат за животна средина и преставник од ЗОО Скопје, по претходно добиена наредба од Јавен обвинител, извршена е контрола во угостителски објект во с.Чегране. При извршената контрола пронајдена е мини зоолошка градина, која е во состав на објектот, при што било констатирано дека во неа се чуваат повеќе диви животни, за кои сопственикот не поседува документи.

По документирање на случајот од страна на Државниот инспекторат за животна средина ќе биде изготвен записник, а СВР Тетово до надлежното Основно јавно обвинителство против сопственикот на објектот ќе поднесе соодветен поднесок информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи