Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, чии разговори со судии од Врховниот суд беа објавени на „Јутуб“, а од окои се слуша како интервенира во предмет каде е вмешан неговиот татко, преку социјалните мрежи вели дека снимките се направени од УБК во 2011 година, кога со службата раководел Сашо Мијалков. Тој во објавата не ја негира, ниту оспорува автентичноста на рабозговорите, но вели дека се објавени само пет снимки, иако има шест снимки од него.
„Дозволете да Ве известам дека го знам лицето кое нелегално ги поседува копиите од сите снимки од СЈО, лично ја координира селекцијата и ја нарачува нивната објава. Тоа е лицето З.З., оној кој лажно тврдеше дека ги предал сите снимки на СЈО и дека не поседува копии од истите. Господине З.З., со објавата на овие снимки докажавте дека без истите Вие не сте можеле да уценувате пратеници, да рекетирате стопанственици, да заплашувате сопственици на медиуми, и да бидете и обвинител, и премиер, и судија истовремено. Изгледа силно Ве здоболе објавата на двата материјали за вашите незаконитости, кои ми беа доставени од укажувач. И во право сте, допрва ќе ве боли. Како дојдовте, така ќе си одите! Укажувачите ќе стануваат се побројни и се посмели, а јас уште помотивиран и во служба на јавниот интерес. Ќе Ве отворам како пупка!“, напиша Милошоски на социјалните мрежи.
Реакцијата на пратеникот доаѓа откако цо нови аудио-снимки од разговори, објавени на сервисот „Јутуб“, овојпат, од канал именуван како „ГолиТру“, се слуша како Милошоски разговара со неколку соговорници за предмет за кој требало да одлучува Врховниот суд.
Во привот разговор, Милошоски зборува со експретседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, за потоа, да разговара со судијата Николчо Николовски кој постапувал во предметот каде е вмешан неговиот татко. Во третиот разговор, се слуша разговор меѓу пратеникот и неговиот татко, за чиј предмет, интервенира преку судиите. Во четвртата снимка се слуша женски глас која кажува дека ќе го потсети судијата, не појаснувајќи за што. Во петтиот разговор, повторно се слуша Милошоски заедно со Вангеловски, каде експретседателот на Врховен суд му вели „Многу јасно и концизно му кажав за кого станува збор, да го има во предвид, нели?“.