Милошоски во ЕП: Македонија доби свој Еди Рама во лидерот на СДСМ

Од:

Неможејќи да ги поднесе демократските резултати од претходните парламентарни избори што самиот ги бараше, лидерот на опозициската СДСМ сака со бојкот да го компензира недостатокот на реформи во својата партија.

Но, како владејачко мнозинство, ние ќе продолжиме да иницираме чекори со кои ќе се засили политички дијалог и имаме надеж дека ќе дојде до решение на овој проблем.

Ова е пораката што на конференцијата посветена на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија, денеска во Европскиот парламент ја испрати пратеникот Антонио Милошоски, јавува дописникот на МИА од Брисел.

На оваа дебата насловена „Западен Балкан – иднината со Европа“, во присуство на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, претседателот на Генералното собрание на ОБСЕ, Рикардо Миљиори и други високи преставници од нашите соседни земји, Милошоски како прв човек на Комисијата за надворешни работи на македонското Собрание имаше впечатлив говор со кој измами аплаузи од присутните.

– Јас бев избран од страна на македонските граѓани да бидам пратеник во парламентот и се надевам за неколку години некоја нова генерација ќе има шанса да гласа за пратеници во Европскиот парламент, оти Македонија припаѓа во европскиот културен спектар и сака да биде дел од ЕУ. Затоа, ќе говорам на мојот мајчин, македонски јазик, бидејќи во иднина и тој ќе биде еден од јазиците на кои ќе се говори во ЕП, посочи Милошоски на почетокот на својот говор.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ