Милошоски утре во Обвинителството ќе ги предаде снимките за Заев

Од:

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски утре во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција треба да ги предаде снимките што вчера ги објави на прес-конференција во врска со поранешниот премиер Зоран Заев.

Милошоски на прес-конференција ја објави втората аудио снимка, во која, како што рече се слуша гласот на Заев, како тој како премиер носел одлуки во име на Врховниот суд и на СЈО и оти бил во дослух со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за сите нејзини одлуки.

Првата „бомба“ Милошоски ја пушти за време на расправата во собраниската Комисија за европски прашања, на која се разгледуваше Предлог законот за Јавно обвинителство. На снимката, наводно, Заев разговара со друго лице за финансирање на телевизијата на првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски. Оваа снимка тој веќе ја предаде во Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Савески: Секој предмет ќе добие институционален епилог

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа

Обвинителството започна истрага против скопјанец кој со пиштол се обиде да си ја убие сопругата

ОЈО бара притвор за тројца од четворицата осомничени за поседување нелегално оружје во Брвеница

А1он

Обвинение за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он