Милошоски со втор негативен тест на Ковид-19

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски објави на социјалните мрежи дека и вториот тест за Ковид-19 му е негативен.

-Почитувани пријатели, и вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати.
Се надевам дека овие неколку денови ќе следи успешно закрепнување и дека наскоро ќе се видиме во добро здравје и расположение. И ова ќе помине, а потоа на ред е обновата! Секое добро, напиша на неговиот фејсбук-профил Милошоски.

Милошоски во вторникот беше примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје поради зголемена температура, откако претходно објави дека неговата мајка е позитивна на Ковод-19.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Милошоски: Раштимана делегација во Минхен, двоглавото претставување е за потсмев

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Милошоски: Пендаровски ја релативизира позицијата во која не донесе Владата

Катерина Ѓуровски

Милошоски до Јовески: Како може ДЗР во март да ви достави извештај за Онкологија, а вие до ден денешен да немате истрага?

Милошоски: ДУИ ги приватизира игрите на среќа