Милошоски: Развојот на туризмот во Струга и Охрид наш приоритет

Од:

Туризмот за Струга и за Охрид ни се еден од најважните приоритети во нашата програма. За таа цел, меѓу другото, планирани се туристички развојни зони, воведување директни линии до охридскиот аеродром, изградба на хотелот „Изгрев“, истакна при посетата на Струга носителот на листата за избор на пратеници во Изборната единица 5 Антонио Милошоски.

– Бројот на туристи во Република Македонија во 2006 година на странски туристи беше 200.000, во 2013 година имаме 400.000. Со самата изградба на хотелот „Изгрев“, неговата обнова и воведувањето директни линии Охрид – Лондон, како и Анталија – Охрид сакаме да го зголемиме дополнително бројот на туристи во овој крај. Тоа ќе значи дополнителни работни места, отворање можности за луѓето кои нудат услуги и дополнителни девизни приливи од странските туристи кои ќе престојуваат во Република Македонија, рече Милошоски.

Додаде дека  дополнителен стимул за привлекување на домашни и странски туристи и за зголемување на стопанскиот потенцијал преку развојот на туризмот ќе биде и проектот за туристички развојни зони со кои се опфатени и општина Струга и општина Охрид.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ