Милошоски: Победа за стабилна, унитарна и економски напредна Македонија

Од:

Стабилна Македонија, унитарна, со еден официјален јазик, политичка стабилност и желба и план за економски напредок. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе извојуваат извесна и уверлива победа на престојните парламентарни избори, порача денеска од Охрид Антонио Милошоски, носител на кандидатската листа на Коалицијата „За подобра Македонија“ во петтата изборна единица.

– После две години политичка криза, за два дена ќе имаме можност да ја решиме таа криза, со достоинствени и мирни избори и почитување на волјата на народот. Работевме и ќе работиме во интерес на сите граѓани. Досега зборуваа политичарите, в недела ќе го имаме гласот на народот, тој одлучува за Република Македонија. Да имаме 63 пратеници, во стабилно собрание и да продолжиме со конретни проекти во интерес на сите, посочи Милошоски на последниот ден од изборната кампања.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела