Милошоски пак со знамето ги испровоцира Грците

Од:

Грчките весниците „Прото тема“ и „Етнос“ реагираа на последниот планинарски излет на пратеникот Антонио Милошоски, коментирајќи дека тој продолжува да провоцира со своите постапки.

„Милошоски позираше со знаме со сонцето од Вергина, со што одново ја прекрши Привремената спогодба меѓу Атина и Скопје, според која, соседите се обврзани да престанат да го користат овој симбол“, се вели во „Етнос“.

За ситуацијата реагираше и грчкото Министерство за надворешни работи и тоа на новинарски прашања како ќе одговорат на новата провокација на Милошоски.

„Активностите на Милошоски се пример за тоа до каде може да стигне некој за да има 15 минути слава. Да го оставиме во неговиот свет“, изјави потпаролот на грчкото МНР, Константинос Кутрас.

Милошоски и претходно се најде на мета на грчките медиуми и тоа кога се сликаше со знамето со сонцето од Вергина на Олимп.

Би можело да ве интересира

Во Солун уапсен маж кој се барал со меѓународна потерница за тешка кражба во Македонија

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он