Падна таван во детската градинка „Мајски цвет” во Тафталиџе 2

Од:

Среќа во несреќа е што во градинката „Мајски цвет” (Карпош, Тафталиџе2) таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Инаку на увид, градба, отварање за оваа градинка имаше дури 5 настани, една со Заев и Богоев, па потоа Богоев и Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и Шахпаска заедно, сите настани со прес конференции како СДСМ квалитетно гради, и колку добро СДСМ се грижи за децата. И еве го резултатот. Голема несигурност за децата. Голема среќа што таванот паднал за викенд, кога градинката била празна“, пишува Милошоски на својот фб профил.

Би можело да ве интересира

Реакција од општина Карпош во врска со барањата за легализација

Општина Карпош со реакција до кандидатот за градоначалник Сотир Лукровски: Дека детските градинки и основните училишта во општината се правни лица, а не се фирми

Горан Наумовски

Советниците од Карпош се противат на владината одлука за одземање на салата „Партизан“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Јакимовски: „Мајски цвет“ ќе се урива, на нејзино место ќе се гради нова и модерна градинка

Општина Карпош: Не можеме да се изначудиме како ВМРО-ДПМНЕ го укина „Член 62 а“ од Законот за градба

Одржувањето на хигиената во Карпош голем проблем за граѓаните