Милошоски: Овој извештај е петта по ред морална победа на Република Македонија

Од:

Извештајот на ЕК е петта морална победа на Македонија во однос на институционалните капацитите на земјата кои се докажани, но и веројатно пораз на кредибилитетот на политиката на проширувањето на ЕУ, бидејќи во декември може повторно да очекуваме вето од Грција, оцени денеска поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник Антонио Милошоски.

– Овој извештај е петта по ред морална победа на Република Македонија по однос на своите институционални капацитети кои се докажани, но ќе биде и петти по ред веројатно пораз на кредибилитетот на политиката за проширување на ЕУ затоа што за разлика од ЕК каде што не се одлучува едногласно во Европскиот совет овој декември може да очекуваме дека повторно ќе бидеме соочени со ветото од соседна Грција. Да не беше блокадата од соседна Грција по однос на интеграциите на Република Македонија нашата држава ќе беше членка на НАТО и ќе беше членка на ЕУ пред да бидат членки некои држави од регионот, изјави Милошоски.

Прашањето, како што вели, не е само дипломатско туку за нашата земја е и внатрешно политичко прашање кое може да ја поедностави или услужни внатрешно политичката динамика во Македонија. Соседна Грција, смета Милошоски игра токму на таа карта со блокирање на ЕУ перспективите на Македонија да се создаде дополнителен притисок за услужнување на нашите внатрешни етнополитички состојби.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела