Милошоски: Откажувањето на самитот јасна порака дека регионалната соработка не е само протокол

Од:

И за танго и за самит се потребни двајца, тангото за да се изигра, а самитот за да се растури и во овој случај, за жал, несогласувањето на линија Белград – Приштина – Тирана беше основната причина за неодржување на самитот заради кој да учествува, а кој да не учествува, изјави за МИА пратеникот и поранешен шеф на македонската дипломатија Антонио Милошоски во врска со откажувањето на претседателскиот самит во Охрид.

– Мислам дека претседателот Иванов донесе тешка, но сепак принципиелна одлука бидејќи подобро е самитот за регионална соработка да не се одржи во услови кога реално и нема политичка волја за суштински напредок во регионалната соработка. Доколку самитот се одржеше ќе имаше повеќе протоколарна отколку конкретна политичка тежина, истакна Милошоски.

Тој смета дека овој самит откри и една тема која што е важна за согледување од страна на Европската унија, а тоа е договорот помеѓу Белград и Приштина кој се постигна во Брисел од една страна и од друга страна политичката подготвеност или неподготвеност за примена на тој договор на терен.

– Република Македонија како земја е подготвена за регионална соработка со сите земји од ЈИЕ, но нашата подготвеност за таква регионална соработка не може да биде компензација за неподготвеноста на некој друг. Затоа сметам дека овој самит и покрај тоа што нема да биде одржан, сепак, испраќа еден јасен сигнал и едно, би рекол, продуктивно укажување и предупредување до сите земји-членки на ПСЈИЕ дека регионалната соработка има многу недостатоци кои нема да се надминат со формални изјави и говори, туку ќе треба да бидат надминати со суштински дијалог, рече Милошоски.

Според него, тоа ќе биде една добра порака и помош за следниот претседавач со ПСЈИЕ, Република Романија.

Во однос на реакциите што стигнуваат од земјите-членки на ЈИЕ, од оние што може да се слушнат по дипломатски канали, посочи дека тие сметаат оти одлуката на претседателот Иванов е искрена и исправна.

– Подобро некои работи, и тоа токму во еден вака клучен момент, да се кажат гласно и јасно, отколку да се ставаат под црвениот тепих на регионалните самити со години или со децении. Мислам дека многу самити со одржување дале многу пораки, декларации, имале политичка тежина, но овој самит со неодржување испрати една јасна порака дека регионалната соработка не е само протокол, туку треба да биде и суштински дијалог, смета Антонио Милошоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски