А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Милошоски: Од уставно-правен аспект, Собранието не може да одлучува преку интернет

by А1он13/10/2020 - 15:35547
Share0

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, пренесувајќи го ставот на неговата пратеничка група, денеска изјави дека од уставно-правен аспект Собранието не може да работи и да одлучува преку онлајн апликации, од едноставна причина што постои јасна уставна норма односно членот 69, која налага присуство на собраниските седници, на мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Следете a1on на Instagram Instagram

Милошоски наведува дека ако бил Уставот за онлајн сесии ќе пишувало учество, а не присуство, како што прецизно е утврдено и со Деловникот во членот 29 во којшто се наведува дека пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето.

– Од етички аспект, би било нееднаквост доколку пратениците физички не одат на работа во Собранието, а во исто време се бара градежниците, медицинскиот персонал, продавачите, возачите, наставниците, судиите, чиновниците и приватниците физички да бидат на своите работни места за са си ја заработат својата плата, пишува Милошоски на својата страница на Фејсбук.

Подоцна пратеникот овој свој став го објасни во изјава за медиумите потенцирајќи дека одговорност е на владејачките партии што одлучиле со такво тенко мнозинство да влезат во една „авантура наречена ефикасни институции, кои што ги ветуваа пред изборите“.

Следете a1on на Youtube YouTube

– За да има ефикасни институции, мора да има соработка од власта со сите други пратенички групи и уважување на нивните ставови и мислења кога се работи од интерес на граѓаните, вели Милошоски.

Доколку, како што додава тој, на мускули се тера проектот онлајн седници се ризикува политичка криза во Собранието и дополнително се воведува уште една правна несигурност.

– Кој било закони што би се изгласале на онлајн седници, а Уставот предвидува присуство, порано или подоцна може да паднат на Уставен суд, рече пратеникот на опозициската партија.

Antonijo Milososkisobranie

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Милошоски: Филипче барем овој месец да ги стави интересите на државата на прво место

А1он04/07/2026 - 11:1704/07/2026 - 11:08

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто