Милошоски: МВР нека ги провери снимките од „Буши“ од октомври 2020 година за да биде Спасовски сигурен кои негови високи соработници се добри пријатели со Седат Пекер

Од:

Антонијо Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира изјавите на Оливер Спасовски дека неговиот заменик немал контакт со турскиот мафијаш Седат Пекер рече дека според релевантните информации кои ги добиле се вели дека помошникот на Спасовски кој е задолжен за соработка со ИНТЕРПОЛ имал контакти со Пекер, посочувајќи дека Спасовски и МВР треба да ги проверат видео снимките на скопскиот хотел Буши од октомври 2020 година за да биде сигурен министерот Спасовски кои високи негови соработници во МВР се добри пријатели и домаќини на Седат Пекер.

– Ние добивме релевантни информации дека помошникот на Оливер Спасовски кој што е задолжен за соработка со ИНТЕРПОЛ имал некакви контакти со турскиот мафијаш Седат Пекер. Министерот за внатрешни работи демантира дека такви контакти не се случиле, но Оливер Спасовски и други работи демантирал а потоа излегувало на површина дека нешто било вистина, вели Милошоски и додаде:

„За да биде јавноста сигурна му препорачуваме на МВР да ги прегледа видео снимките од хотел ресторан Буши во Скопје од октомври 2020 година за да биде сигурен министерот Спасовски кои високи негови соработници во МВР се добри пријатели и домаќини на Седат Пекер. А инаку како една дополнителна иницијатива за МВР нека направат добра соработка со Министерство за внатрешни работи во Албанија и во Турција и македонското МВР нека провери дали во моментот турскиот мафијаш Седат Пекер се наоѓа во Валона во вилата на еден функционер од Македонија“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик