(ВИДЕО) Милошоски: Мукоски беше терорист кој ја отвори вратата, а сега „лапа“ тендери

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски рече дека пратеникот Крсто Мукоски до 2017 за пратениците од СДСМ, бил терорист, но подоцна нивната фирма почнала да прима милионски тендери, откако, како што вели, помогнал да се отвори вратата кон НАТО и да не остане доследен на оние граѓани што го избрале.

„Беше терорист за Зекири, Ременски и многу други од СДСМ. Не знам дали се уште го мислат тоа, но знам дека фирмата на фамилијата Мукоски која СДСМ ја обвинуваше за криминал доби тендери во вредност од 4 милиони евра. И сега Мукоски бил добил преговарач за законот за Јавно обвинителство“, рече Милошоски, откако собранскиот спикер не му дозволи да пушти нова снимка.

Тој повтори дека власта брза да го донесе законот за Јавно обвинителство за да го спаси лицето З.З. од одговорност за „Рекет“ при тоа покажувајќи транспарент на кој пишуваше „Рене, Зоки и Оли – „Рекет“.

Милошоски обвини и за местење на избори посочувајќи дека братот на Заев, Вице Заев дал 35 лични карти на извесна Милевка од Радовиш за која рече дека им е колешка во парламентот.

„Имате таму 35 лични карти на луѓе од ромска националност, таа работа треба да ја заврши Милевка од Радовиш“, рече Милошоски читајќи го транскриптот.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on