Милошоски: Мирни и достоинствени избори

Од:

Носителот на кандидатската листа за пратеници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5 Антонио Милошоски во пресрет на претстојните предвремени парламентарни избори на 11 декември од Битола изјави дека в недела очекува мирни и достоинствени избори после кои поразениот ќе му подаде рака на победникот и ќе му честита на цивилизиран начин.

– Издржавме две тешки години на наметната криза, криза што му пречеше на секој граѓанин, криза која ни забави две години од развојот и проектите што ги работевме, но ќе продолжиме да ги работиме. Народот е мудар, народот е свесен, народот е зрел и за разлика од другите наши политички опоненти, ние имаме едно правило – народот е секогаш во право. Колку повеќе ја негираш волјата на народот толку повеќе ќе бидеш принуден истата да ја признаеш и со неа се соочиш, рече Милошоски.

На средбата со битолчани, Милошоски посочи дека претстојните избори не се избори што ќе го определат животот и иднината на Македонија во следните четири години, туку дека на 11 декември ќе гласаме рече тој, и за тоа каква Македонија сакаме да имаме во следните 40 години, а ние сакаме една, унитарна, сплотена, напредна и развиена Република Македонија.

– Во следниот период имаме една единствена цел да отвориме нови 70.000 работни места, да ја намалиме невработеноста во државата, да изградиме автопати, училишта, болници, да создаваме перспектива за младите и затоа потребна ни е политичка стабилност, потребна ни е историска победа за стабилно Собрание и Влада, порача Милошоски.

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата