Милошоски: Ќе се изградат три нови студентски домови, постоечките се реновираат

Од:

Во програмата „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ има висок приоритет за потребите на студентите. Предвидуваме изградба на три нови студентски домови од кои едниот би бил во Тетово, а во два во Скопје, изјави денес Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, носител на листа во ИЕ5.

– Едниот ќе биде во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“, а другиот на местото на поранешниот студентски дом Медицинар. Истовремено, веќе е во тек процедура за набавка на инвентар и сите постоечки студентски домови да бидат обновени за да се згоелеми и подобри квалитетот за престој и учење, вели Милошоски.

Истовремено, додава тој, тоа што го најавувавме е зголемување на фондот за стипендии за студентите и оние кои се талентирани ќе може да сметаат на фонд од 11 милиони евра.

– Продолжуваме со една сериозна и реална поддршка за секој македонски студент, потенцираше Милошоски.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ