Милошоски: Ќе изградиме девет нови училишта, а 200 ќе реновираме

Од:

Oбразованието ќе биде голем приоритет на ВМРО-ДПМНЕ и Владата во следните четири години, изјави денеска во Битола носителот на листата во Петтата изборна единица Антонио Милошоски.

– Ќе изградиме девет нови училишта, 200 ќе ги реновираме на различи начини зависно од потребите, ќе изградиме нови 69 спортски сали како дел од образовниот систем и ќе извршиме набавка на 300.000 таблет-компјутери за најмладите ученици од основно до средно образование, рече Милошоски.

Тој најави и продолжување на проектот со доделување стипендии за секој оној којшто ќе се запише на 100-те најдобри универзитети во светот или на постдипломски или докторски студии на 200-те најдобри технички универзитети во светот.

– Со тоа сакаме да создадеме една генерација, која што ќе може со своето знаење и креативност да биде конкурентна на пазарот и Македонија да биде посилно општество заради својата добро образована младина, порача Милошоски.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО