Милошоски: „Кичевчани за Кичево“ е основата на нашиот оптимизам за изборна победа

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Кичево организираше обука за овластените набљудувачи во општината. Обуката ја држеа предавачи од партиската Комисија за правни прашања, а со апел за фер избори и почитување на принципот „еден човек, еден глас“ им се обратија и актуелниот градоначалник и кандидат на овие избори Благоја Деспотоски-Ташко, како и пратеникот Антонио Милошоски.

Посебно внимание е посветено на набљудувањето на процесот на гласање во 25 избирачки места во досегашните општини Зајас и Осломес, сега припоени кон Кичево, кои имаат подолг историјат на забележани изборни нерегуларности во изборните циклуси во изминатите 20 години.

По средбата, Деспотоски рече дека од набљудувачите од целата територија на Кичево побарале да го дадат својот придонес за одвивање на изборниот процес во демократска атмосфера, изборите да бидат тајни и да се гласа по принципот „еден човек еден глас“.

– Со тоа се надеваме дека на 24 март ќе победи демократијата“, рече Деспотоски.

Милошоски исто така, посочи дека на набљудувачите од коалицијата „Кичевчани за Кичево“ им укажале оти треба да се почитува Изборниот законик, да се гласа демократски и по принципот „еден човек еден глас“.

– Од изборите во 2011 година на територијата на општините Кичево, Зајас, Осломеј, Вранештица и Другово имаме слика за избирачкиот потенцијал, а тој е дека партиите кои го поддржуваат кандидатот Фатмир Дехари тогаш освоиле 11.800 гласови, во сите овие општини вкупно, додека партиите кои го поддржуваат актуелниот градоначалник и кандидат Благоја Деспотовски освоиле 16.100 гласови вкупно на истата територија, рече Милошоски.

Очекуваме, додаде, изборните резултати и на 24 март да бидат слични на изборниот сооднос и гласовите од 2011 година.

– Овој гласачки потенцијал на коалицијата „Кичевчани за Кичево“ е основата на нашиот оптимизам за изборна победа на 24 март во првиот круг. Кичевчани никогаш не биле толку обединети и сплотени како денес, истакна Милошоски.

Би можело да ве интересира

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“

(ВИДЕО) Шабани: Сите изборни органи да ги следат насоките од ДИК и да не ги попречуваат медиумите во извршувањето на нивната работа

ОДИХР: Набљудувачите ги следат сите аспекти поврзани со изборите, не е битен само денот на изборите, туку и предизборните процеси