ВИДЕО: Милошоски, Јанушев и Божиновски на списокот на антикорупционерите за можен непотизам

Од:

Антонијо Милошоски, Игор Јанушев и Кирил Божиновски на новиот список на Антикорупциска за можен непотизам при вработувањето на нивните роднини.

Антикорупциската комисија отвора нови предмети за непотизам и судир на интереси за функционери на власта, но и на претходната власт. Списокот се прошири за 40-тина нови имиња, меѓу кои за Кристина Божиновска, сопруга на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски вработена во АЕК, за Љубе Јанушев, татко на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на ЈСП, Игор Јанушев, како и за неговата сестра Верица Јанушева вработена во МВР. Потоа, за братучедите и вујкото на пратеникот Антонијо Милошоски.

На листата се најдоа и ќерките на поранешната претседателка на Уставниот суд Елена Гошева, ќерката на судијата Реџепагиќ, како и роднини на членовите на Судски совет, советници во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, случаи кои ги обелодени СДСМ.

На списокот на ДКСК не изостанаа и актуелните пратеници од владејачкото мнозинство, министри и други функционери за кои секој ден на прес-конференција јавува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Сите случаи се отворени по допрен глас, а од Антикорупцискара комисија велат дека се истражува дали имало судир на интереси и влијанија при вработувањето на роднините на функционерите во државни институции.

Антикорупционерите ќе поведат прекршочна постапка за Азис Положани , кој бил избран за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза”, а не доставил никаков анкетен лист за неговата имотна состојба. Положани беше избран за ректор во април 2018 година, и се уште немал доставено анкетен лист.

Претходно ДКСК отвори отвори 18 предмети за вработувања кои ќе се проверуваат дали имало судир на интереси. Меѓу првите се сопругот на пратеничката Мира Стојчевска, Илјо Стојчевски, во Шумската полиција во Делчево, за нејзиниот син Виктор Стојчевски, кој беше вработен во државната ЕЛЕМ, како и за нејзиниот брат Цветан Велевски, вработен во РЕК „Битола“. Дел од нив веќе се повлекоа од работните места.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?