(ВИДЕО) Милошоски: Димитров е политички камелеон, го интересира само фотелјата

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски го нарече камелеон и кариерист министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој, како што нагласи, секогаш се водел од позициите на премиерите кои биле на власт за да си обезбеди удобнни позиции кои ги плаќаат граѓаните.

„Првично Димитров пред 12 години тврдеше дека уставното име не треба да се менува, потоа беше за двојна формула. Кога беше со Груевски ја следеше неговата реторика, а кога дојде Заев, ја свитка кичмата и го промени името. Му беше важна удобната амбасадорска фотелја во Вашингтон, потоа стана советник на Груевски и не даде оставка. Потоа замина во Хаг и истите тие искомплексирани даночни обврзници од својот џеб издвоија 600.000 долари за неговото амбасадорување. Кога тој е на позиција нема комплекси“, рече Милошоски.

Во однос на изградбата на „Скопје 2014“, Милошоски пред пратениците ја покажа одлуката која ја донел Град Скопје уште во 2004 година, а за која гласале советници на СДСМ и ДУИ.

„Тогаш Димитров имаше удобна амбасадорска фотелја во Вашингтон и не се противеше на оваа одлука. Кога ги напушти фотелјите, прашуваше зошто немало референдум за „Скопје 2014“, а јас прашувам кој го гласал Димитров и кој му дал легитимитет? За сите овие пратеници гласале граѓаните, а за него никој. Доаѓаат претседателски избори, нека се обиде да собере 10.000 потписи и нека се кандидира на изборите, за да видиме дали ќе добие доверба и некој ќе застане зад него. Тогаш ќе има легитимитет“, порача Милошоски.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче