Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на неговиот Фејсбук профил упати критика до претседателот на неговата партија дека премногу тактизира и недоволно ја напаѓа владата.
Коментирајќи го гостувањето на Владимир Милчин во дебатна емисија, Милошоски пишува дека тој јавно и без тактизирање ја критикувал власта на начин на кој што тоа треба да го прави лидерот на опозицијата.
„Со сите суштински идеолошки разлики со него како социјал-демократ и контраверзите од неговиот влог во режираната “шарена револуција” , сепак треба да се каже дека вчера Милчин јавно и без тактизирање ги фрли критиките што кон власта би требало да ги упати лидерот на опозицијата
– за името и уцените
– за Грција и уцените
– за неверувањето во Заев и неговата уценетост
– за немањето реформи
– за неспособноста на Бујар и Садула
– за фаличноста на законот за двојазичност
– за можни протести на разочараните граѓани.. , итн“ пишува Милошоски.
– Доколку Милчин и неговите истомисленици продолжат со категорични критики кон власта, а водството на ВМРО-ДПМНЕ сеуште „математички прецизно” тактизира, се плашам дека можат да ни ја превземат улогата и на опозиција, пишува Милошоски.