Милошев: Придонесот на медицинските сестри во функционирањето на здравствениот систем е од непроценливо значење

Од:

Министерството за здравство во континуитет е посветено на унапредување на статусот на сите здравствени работници, со посебен акцент на медицинските сестри, како еден од столбовите на здравствениот систем. Придонесот на медицинските сестри во функционирањето на здравствениот систем е од непроценливо значење, како и нивниот ангажман во секојдневната грижа и третман на пациентите.

Ова денеска го истакна државниот секретар во Министерството за здравство Владимир Милошев во обраќањето на свечена академија, што ја организираше Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) предводена од Здружението „За нас“, по повод 12 Мај, Светски ден на сестринството.

Минатата година, посочи Милошев, ја зголемивме платата на сите здравствени работници за пет отсто, а во јануари годинава платата на медицинските сестри ја зголемивме за дополнителни пет отсто.

– Зголемени се и коефициентите за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа на здравствените работници. Паралелно, сме посветени на имплементација на ЕУ директивата за признавање на професионалните квалификации, во насока на препознавање на професионалците во областа на здравството, како што се медицинските сестри. Со најновите измени на Законот за здравствена заштита решивме повеќегодишен проблем и овозможивме преземање во јавното здравство на медицински сестри, кои претходно работеле во приватни здравствени установи, основани под закуп во здравствените домови, а кои во меѓувреме останале без работа поради затворање на ПЗУ, истакна Милошев.

Нагласи дека во соработка со медицинските сестри низ државата успешно го реализирале проектот за вонболничка постоперативна грижа на пациентите по извршена интервенција.

– Ова се само дел од мерките на Министерството за унапредување на статусот и вреднување на трудот на медицинските сестри. Како што и претходно споменав, со вашата посветена работа, пожртвуваност и хуманост, вие сте еден од столбовите на здравствениот систем, додаде Милошев.

Претседателот на Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) предводена од Здружението „За нас“, Гордана Бешлиоска рече дека свечената академија ја организираат за нивните колешки од сите нивоа на здравствениот систем.

– Денеска многу од нив ќе бидат наградени, многу од нив ќе бидат пофалени за сето тоа што успешно го направиле во текот на годината, додаде Бешлиоска на академијата на која беа прогласени најхуманите и најуспешни медицински сестри од земјава.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска