Милевски – Зутер: Продолжува соработката меѓу Северна Македонија и Швајцарија

Од:

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски оствари работна средба со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер истакнувајќи ја важноста на континуитетот на зедничкиот проект „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, наменет за иновативни и инвестициски проекти со цел да се намалат диспаритетите во планските региони.

– Проектот е поддржан од Швајцарската Агенција за развој и соработка, а министерството успешно го спроведува, рече Зутер.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за локална самоуправа, осврнувајќи се на значењето на регионалниот развој, како клучна поента во тековниот проект, Милевски изразил благодарност за поддршката од швајцарската Амбасада, истакнувајки го пријателството и билатералната соработка помеѓу двете земји.

Разгледувајќи ги тековните активности на проектот, Зутер и Милевски изразиле задоволство од успешното спроведување, при што истакнаа дека постои заемна заложба за продолжување на соработката и преку втора фаза.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Ана Ололовска