• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Милевски во Валандово на увид на проекти што се финансирани од Министерството за локална самоуправа

by А1он02/03/2020 - 08:15244
Share0

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска ќа ја посети општина Валандово. Целта на посетата е увид во проектите што се имплементираат во општина Валандово, финансирани од страна на Министерството за локална самоуправа.

Добивај вести на вибер

При посетата на Валандово, министерот Милевски ќе има работна средба со претставници од локалната самоуправа во просториите на општина Валандово. Тој ќе ја посети и детска градинка „Калинка“, а ќе направи увид и во проект „Туристичка патека од природа до култура на планината Плавуш“.

Оттаму информираат дека во Валандово се имплементираат проектот за „Евалуација на мерки за енергетска ефикасност“, потоа проект за реконструкција на детската градинка „Калинка“. Овој проект е финансиран од ЕУ преку ИПА фондовите за прекугранична соработка со Грција каде општина Валандово е носител на проектот заедно со партнерските општини Серес и Радовиш, музичкиот конзерваториум од Грција и ЦЕРТ. Вкупниот буџет на проектот изнесува 1.419.375,80 евра, додека вкупниот буџет на општина Валандово изнесува 388.213 евра.

Со имплементација на проектот “3Еm“, проектните партнери би постигнале подобрена енергетска ефикасност на реконструираните јавни згради во општините Валандово, Радовиш, Серес и Флорина за 30 отсто, намалени емисии на стакленички гасови (СО2) од реконструираните јавни згради за пет отсто, подобрување на капацитетот на општинската администрација во промовирањето на енергетската ефикасност и употребата на обновливи извори на енергија, зголемена свест кај локалното население за придобивките од подобрувањето на енергетската ефикасност на јавната инфраструктура преку промотивни активности, замена на традиционалните необновливи и загадувачки извори на енергија со поеколошки и обновливи извори и подобрени услови за работа на градинките што води до создавање на нови групи за згрижување на деца.

Проектот „Туристичка патека од природа до култура на планината Плавуш“ се реализира преку Центарот за развој на југоистечен плански регион и општина Валандово. Вкупната сума на проектот е 8.360.000 денари а средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој. Со овие средства се изврши проширување и реконструкција на постоечкиот пат од Валандово до манастирот „Св. Ѓорѓи“ се формираа паркинг зони и целата траса се осветли. Исто така, поставени се павилјони со различни визури, изградена е трим патека, забавен парк за деца и уреден е просторот околу манастирот.

lokalna samouprava

Би можело да ве интересира

Програмата која ја ветивме во најголем дел е остварена, ги вративте општините на вистинскиот пат, вели Мицкоски

Горан Наумовски23/08/2025 - 12:1523/08/2025 - 12:16

ВМРО-ДПМНЕ: За период од една години владата инвестира во локалните самоуправи преку видливи проекти

Горан Наумовски29/06/2025 - 09:20

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

Горан Наумовски11/09/2024 - 11:46

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Предраг Петровиќ28/10/2023 - 13:48

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска28/04/2023 - 14:01

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска01/03/2023 - 14:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен