Милевски: Создаваме основа за проекти за регионален развој поддржани од фондовите на ЕУ

Од:

Министерството за локална самоуправа денеска со првата од седумте тематски работилници го отпочнува процесот на консултација за подготовка на новата Стратегија за регионален развој на државата за наредниот десетгодишен период.

Согласно со Законот за рамномерен регионален развој, потенцира министерот за локална самоуправа Горан Милевски, Стратегијата за регионален развој претставува долгорочен плански документ со кој се утврдуваат принципите, целите и приоритетите на регионалниот развој во Република Северна Македонија и се дефинираат мерките, инструментите и финансиските средства за нивна реализација.

Стратегијата, посочи тој, ја донесува Собранието на Република Северна Македонија на предлог на Владата.

Со поддршка на Швајцарската Агенција за развој и соработка во рамки на проектот „Инклузивен и оддржлив рамномерен регионален развој”, Министерството за локална самуправа направило евалуација на спроведувањето на актуелната Стратегија за регионален развој и врз основа на наодите и препораките до крајот на годината треба да биде усвоена новата стратегија.

– Податоците покажуваат дека во периодот од 2009 до 2019 година се реализирани вкупно 2.247 проекти во износ од вкупно 373.8 милиони евра, или 166.355 евра по проект, како просечна вредност, што не е доволно за економски развој. Владата во изминатиот мандат направи голем исчекор. Средствата во Програмата за рамномерен регионален развој за две години беа дуплирани. Од 3,5 милиони во 2017 година, на 7 милиони евра во 2019 година.Треба да се има предвид дека ова не се единствените средства кои се насочуваат во планските региони. Значителен удел имаат и другите ресорни министерства кои што реализираат значајни капитални проекти, ијаави Милевски.

Како што соопшти ресорното Министерство, Милевски објасни дека во овој мандат ќе се води сметка при распределбата на средствата секогаш да се има предвид и степенот на развиеност на планските региони.

Средствата за изградба на училишта, спортски сали, патишта, водоводи и други инфраструктурни објекти да се распределуваат врз основа на потребите на граѓаните и според степенот на развиеност на планските региони, како што тоа го прави Министерството за локална самуправа.

Според Милевски, важно е да се создадат услови за поттикнување на конкурентските предности на секој плански регион, а во планирањето се вклучени и централната и локалните власти.

– Очекувам документот што го подготвивме да ги определи перспективите за рамномерен регионален развој на државата во наредните 10 години и ќе кореспондира со регионалната развојна политика на Европската Унија. Со овој документ е потребно да создадеме основа за развивање на проекти кои што ќе бидат финансирани со средства од Буџетот, но во најголем дел со средства од фондовите на Унијата, истакна министерот Милевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Ана Ололовска