Милевски: Создадовме услови за подобар живот во Могила и развој на рурален туризам

Од:

Со партерното уредување во насока на збогатување на туристичката понуда во Општина Могила и Пелагонискиот регион, како и регулирање на коритото на реката Црна односно нејзината притока Шемница, со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа ги завршивме проектните активности во општината во насока на подобрување на условите за живот и за развој на руралниот туризам.

Тоа го изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски, оценувајќи дека Министерството за локална самоуправа и покрај здравствената криза 2020-та година ја искористи да ги продолжи инвестициите кои ги прави преку Бирото за регионален развој.

Инвестициите, како што рече, беа реализирани во најразлични области – животна средина, здравство, култура, туризам.

-Тука во Општина Могила сме сведоци на уредување на кејот со којшто се подобруваат условите за живот на овие жители и добиваат една нова содржина која може да ја користат за пешачење и рекреација, што е многу важно во овие услови на Ковид-19. Се надевам дека општината и оваа 2021-ва година ќе предложи до нас суштински проекти со кои ќе се подобрат условите општината. Апелирам да им помогаме што повеќе на нашите општини бидејќи и тие се соочуваат со економска криза и секоја помош е добредојдена, независно дали од донаторите меѓународни, но се разбира и од средствата од најразличните институции на државно ниво, појасни министерот Милевски, соопшти Министерството за локална самоуправа.

Носител на проектот во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година е Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, а вкупната вредност изнесува 3.800.000 денари.

– Овој проект во континуитет се гради од 2015-та година, меѓутоа 2020-та година конечно почнува да се уредува и кејот на река Шемница. Средствата се аплицирани преку Пелагонискиот плански регион, а добиени преку Бирото за регионален развој и се инвестира во пешачка, бекатон патека од 1.100 метри со тринаесет канделабри и дванаесет клупи за седење. Конечно во Могила се доби еден урбан простор за рекреација наменет за сите групи на граѓани, потенцираше градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулеска.

– Поради обемноста и комплексноста на проектот се работеше во четири фази изминатите четири години, на крајот оваа река Шемница веќе го доби својот конечен изглед. Сакам да напоменам дека ние тука не застануваме. Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион заедно со градоначалниците на пелагонискиот регион ги следат потребите на граѓаните и се трудиме да го подобриме квалитетот на животот во овој регион, посочи директорот на Пелагониски плански регион, Гого Видимче.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Ана Ололовска