Милевски: Повеќе средства за Пелагонискиот регион, вложуваме освен во градските и во руралните средини

Од:

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски изврши увид и констатира дека успешно се реализираат проектите во општините Новаци и Могила кои се реализираат со поддршка на Министерството за локална самоуправа.

Според министерот Милевски средствата и директната поддршка на пелагонискиот регион во наредниот период ќе се зголемуваат затоа што, како што рече, ние освен во градските, вложуваме и во руралните средини затоа што нам граѓаните ни се подеднакво важни без разлика каде живеат.

-Во Општина Новаци набавени се мини-бус со 30 седишта и комбе со девет седишта што ќе бидат во функција на учениците, а со тоа градоначалникот на Општина Новаци освен што решава проблем со превозот на учениците воедно штеди средства. Во Општина Могила е набавен трактор со придружна механизација која ќе се користи во зимски услови за чистење снег, а тоа значи почисти улици во зима, поголема безбедност на учесниците во сообраќајот и потврда дека ние освен во градските, вложуваме и во руралните средини затоа што нам граѓаните ни се подеднакво важни без разлика каде живеат, истакна министерот Милевски.

Градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски информира дека со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој и Центар за развој на пелагониски плански регион обезбедени се важни инвестиции вредни 6,7 милиони денари, а од нив 2,5 милиони денари се општински средства.

-Со новите возила ќе се превезуваат ученици од 5 до 9 одделение кои доаѓаат на настава во централното основно училиште во Новаци. Со оваа инвестиција од 1 октомври нема да има никакви проблеми со превозот на учениците кои во Новаци доаѓаат од селата Добромири, Агларци, Далбеговци, Рапеш, Арматуш, Рибарци, Гнеотино, Живојно, Бач, Гермијан и село Тепавци. Возилата ќе се користат само за превоз на ученици, а очекуваме во соработка со Општините Битола и Могила да формираме заедничко јавно претпријатие за линиски превоз на патници, појасни градоначалникот Кузманоски.

Инвестициите и реализацијата на проектите се вршат со поддршка на Центар за развој на пелагонискиот плански регион и утврдена програма со вкупно 8 проекти, информира Гого Видимче, директор на ЦРППР-Битола.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска