Милевски претседател на ЛДП, Жерновски порача, од новото раководство зависи дали ќе се на иста страна

Од:

Собранието на ЛДП за нов претседател го избра единствениот кандидатот Горан Милевски, а за генерален секретар, Дуфе Кукоски.

Собранието усвои изјава за вчерашните случувања.

„ЛДП најостро го осудува начинот на кој владеачката гарнитура и нејзините институции излегоа пред јавноста по повод таканаречениот случај “Пуч“. ЛДП искажува недоверба во капацитетот на институциите да се справат со случај во кој и самите се инволвирани, како и највисоките државни и политички субјекти“, стои во изјавата.

Милевски рече дека власта продолжува да владее се поавторитарно со методи на заплашување и апсење на политичките противници и другите неистомисленици.

„Не е пуч, доколку опозицијата со легитимни средства сака да дојде на власт.
Секаде опозицијата настојува да ја урне власта“, рече Милевски.

Досегашниот претседател Андреј Жерновски, кој не поднесе кандидатура, посочи дека режимот на Груевски мора да падне.

Screenshot_4

„Ни претстои најкрвавиот период на политичката сцена, а тоа е финалната разврска. Премиерот Груевски ќе сака оваа ситуација да заврши со предвремени избори за да го пресретне компромитирачкиот материјал, кој за жал, засега не е објавен, но се надевам ќе биде. Различно за сите режими е колку ќе траат, но исто, дека ќе падна. Јас своето го кажав и покажав. Дали повторно ќе се најдеме на истата страна на барикадите, зависи од новото раководство“, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он