Милевски: Министерството за локална самоуправа преку проектите се грижи за животната средина

Од:

Со поддршка на Министерството за локална самоуправа преку буџетската програма за рамномерен регионален развој, како и со поддршка на швајцарската Влада се реализирани голем број на проекти во Свети Николе, Скопје и Тетово, кои директно ги подобруваат условите на живеење на граѓаните преку користење на обновливи извори на енергија, поголеми заштеди, заштита на животната средина, како и преку подигнување на јавната свест.

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски појаснува дека во Домот на културата во Свети Николе е поставен систем за греење и ладење, прв пат после 30 години.

-Со реализацијата на овој проект значително е намалена потрошувачката на електрична енергија, а заштедените финансиски средства ќе бидат употребени за дополнително уредување на просторот кој што сега граѓаните ќе можат да го користат 360 дена во годината, вели Милевски.

Тој посочува дека во три скопски општини: Центар, Карпош и во Кисела Вода се воспоставени три иновативни еко-зони каде што се користат обновливи извори на енергија. Се користи сончевата енергија за напојување на смарт клупите кои имаат сензори за мерење на квалитетот на воздухот и кои што обезбедуваат бесплатен интернет.

– Во Средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“ во Тетово e подигнат стакленик со опрема за автоматска регулација на температурата, технологии за прихрана на културата и автоматика за наводнување на база на системот капка по капка. Во склоп на опремата има и метео станица која го потпомага компјутерот за автоматска регулација на условите во стакленикот. Обезбедени се и обуки за стекнување на вештини за одгледување на земјоделски култури во контролирани услови, како и обука за стекнување на вештини за претприемништво, додава Милевски.

Министерството овозможува на партиципативен начин од страна на граѓаните да се реализираат приоритетни проекти кои влијаат во ублажување на климатските промени.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска