Милевски: Македонски Брод се модернизира, добива нов парк

Од:

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска истакна дека се реализирани два значајни проекти за Македонски Брод и околината, набавен е трактор за полесно собирање на отпадот и завршена е реконструкцијата на паркот покрај реката Треска.

– За подобрување на општинските услуги и заштитата на животната средина, Општина Македонски Брод аплицираше по јавните повици за финансиска поддршка на предлог проекти, објавени од страна на Бирото за регионален развој, односно, беше побарано финансирање на проектот „Реконструкција на паркот покрај мостот на реката Треска“ и „Набавка на возило-трактор и опрема за подобрување на капацитетите и работата на јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена“ во Македонски Брод. Реконструираниот парк ќе придонесе за разубавување на сликата на градот, дружба и релаксирање на граѓаните на општината, ресоцијализација по двегодишниот период на пандемијата и секако подобрување на условите за живот, потенцираше министерот Милевски, соопшти Министерството за локална самоуправа.

Градоначалникот на општина Македонски Брод, Жарко Ристески, рече дека проектите веќе се во завршна фаза.

– Во вредност од 1.709.000 денари набавен е трактор со приколка за собирање на отпад и опрема за подобра и поефикасна испорака на комуналните услуги на граѓаните во општината. Со реализацијата на овој проект постигната е проектната цел подобрување на капацитетите за работа на јавното комунално претпријатие и заштита и подобрување на животната средина, појасни градоначалникот.

За проектот „Реконструкција на паркот покрај мостот на реката Треска“, Бирото издвоило 3.000.000 денари и овој проект е во завршна фаза на реализација.

– Со овој проект се добиваат нови урбани и атрактивни и естетски уредени содржини, зеленило, како и урбана опрема за одмор и релаксација на населението на општината, дополни Ристески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Ана Ололовска