Милевски: Јанкулоска ја гризе совеста, очигледно таа не спие мирно

Од:

Дали и’ е мирна совеста на поранешната министерка на МВРО, или од неа зборува потсвеста, штом се загрижила за сонот на новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски? Токму преземањето на Министерството за внатрешни работи од страна на опозицијата, очекувањата на граѓаните и стравувањата на власта, беше главната тема на говорот на претседателот на ЛДП, Горан Милевски во Струмица, на трибината „Макадонија после Груевизмот – Либерални решенија“.

Милевски, коментирајќи ја пораката на Твитер на екс-министерката Јанкуловска, јавно ја запраша дали и’ е чиста совеста по се’ што правела со и во министерството, обелоденето во „бомбите“ на опозицијата.

„Очигледно зборува потсвеста на министерката, па мисли дека сите се како неа. Главното прашање е дали Вие, министерке, спиете мирно? Дали Ви е чиста совеста или можеби си мислите дека сите се како вас?“, рече Милевски пред струмичани, давајќи целосна поддршка на новото раководство на МВР.

„Нема причина Спасовски да не спие мирно кога неговата задача е да го деполитизира министерството од нестручи и партиски кадри, да расчисти со криминалот и од МВРО да го претвори во Министерство за внатрешни работи на сите граѓани на Р. Македонија“, рече Милевски.

ЛДП од новите министри очекува да го обелоденат и да се справат со криминалот во сите пори од владеењето на Груевизмот пред се’, изборните нерегуларности, избирачкиот список и корупцијата.

На самиот крај, Милевски упати порака и до медиумите кои се обидоа да ги дискредитираат новите министри од опозицијата.

„Не е долично со бламажи и деструктивни кампањи да се напаѓаат новите министри. Затоа, сметаме дека веднаш треба да се донесе Законот за медиуми и да се заврши со ширењето на омраза и деструктивност кај одредени медиуми“, заклучи Милевски пред граѓаните на Струмица.

Би можело да ве интересира

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ

ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти

Аврамоска-Ѓореска: Не е само 8 март ден на жените

Горан Наумовски