Милевски: Имаме план за поддршка на домашните фирми

Од:

Во претходните 10 години, власта спроведуваше вистински терор кон микро, малите и средни претпријатија. Наместо да се грижат за својот бизнис, приватниците беа приморани да размислуваат за високите казни, инспекциите, лошите услови за работа, тешко достапните кредити и уште многу проблеми со кои се соочуваат во секојдневното работење, рече Горан Милевски, кандидат за пратеник на здружената опозиција предводена од СДСМ.

Новата влада после 11-ти Декември, ќе го промени овој амбиент и ќе им помогне на домашните претпријатија.

Во делот на казнената политика планот е прво инспекторите да даваат опомена а потоа казна но казна соодветна за големината на фирмата, драстично намалена.
Планираме годишно 140 милиони евра директна поддршка за домашните фирми. Поддршка за нови вработувања.

Во првите 100 дена јавно ќе се објави план со јасни рокови за враќање на долговите кон домашните фирми и навремно исплаќање на сите идни обврски.

Давање на поволни кредити за отворање на микро бизниси до 15.000 евра со само еден процент годишна камата.

После 11-ти Декември, ќе овозможиме основање на трговски друштва со само едно евро основачки капитал.

Ќе ја укинеме радиодифузната такса.

Ќе ја вратиме ефтината струја.

Почитувани граѓани и почитувани сопственици на мали и средни претпријатија, после 11-ти Декември мораме да направиме многу работи. Не чека секојдневна и макотрпна работа да си го вратиме животот во Македонија и животот во Битола. Она што го гарантираме е дека сите Вие ќе имате огромна помош од новата власт и сите Вие ќе имате сигурност дека новата власта ќе биде ваш партнер.

Би можело да ве интересира

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ

ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти

Аврамоска-Ѓореска: Не е само 8 март ден на жените

Горан Наумовски