Милевски: Груевски спремај се за Шутка, не за барикади

Од:

Вчера вечер од Скопје Либерално-демократската партија го отпочна серијалот на трибини насловен „Македонија после груевизмот: Либерални решенија”.

На трибината се обрати претседателот на ЛДП, Горан Милевски кој ги коментираше последните повици на режимските новинари кои најавуваат протести и вадење на народот на улица.

„За што го повикувате народот на барикади? За да го брани вашиот криминал? За да ве спасува од затвор? За да ви ги заштити 25 милиони евра провизии? За плацевите на Водно, за Актор, за да ви ги заштити фирмите од Белизе, становите во Монте Карло? Приватните авиони? Што ќе брани народот на барикади? Премиере, доцна се сетивте на граѓаните. Наместо за на барикади, најдобро е да се припремате за во Шутка“, нагласи претседателот на ЛДП, Милевски.

Трибина - Што после 'Груевизмот' - Либерални решенија (8)

На вчерашната трибина, Јован Манасијевски, д-р Никола Пановски, Драган Малиновски, Никица Корубин и Зоран Шапуриќ се осврнаa на проблемите со кои се соочуваат граѓаните и дадоа либерални решенија како да се решат истите. Покриени беа повеќе области, меѓу кои здравството, економијата, образованието, екологијата, заштитата на човековите права, слободата на медиумите и правосудниот систем.

Трибините ќе продолжат и во останатите градови во Македонија во текот на месеците ноември и декември.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Потребни се и санкции за оние кои ги злоупотребуваат службените возила за приватни цели

Горан Наумовски

Зајкова: За 20 години требаше да имаме 80 отсто усогласеност на законодавството со ЕУ

Зајкова: ЛДП ќе продолжи да се бори за носење на законски решенија кои вистински ги решаваат проблемите на граѓаните

ЛДП: Забрана на Тик-Ток за малолетници и регулирање на работата на другите социјални мрежи

ЛДП: Преку измени на Законот за основно образование до вработување на неопределено време за сите образовни асистенти

Зајкова избрана за претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа

Горан Наумовски