Милевски до Оер: Државата да се разграничи од партијата

Од:

Вчера, претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, во придружба на Ѓорѓи Аврамчев, претседател на Дипломатскиот совет на партијата, оствари работна средба со амбасадорката на Република Франција во Македонија, Нејзината Екселенција, Г-ѓа Лоренс ОЕР.

„Целта на средбата беше меѓусебно запознавање и размена на согледувања околу актуелната политичка криза во Р. Македонија.

На средбата беше изразена загриженоста на ЛДП за немањето на институционална разрешница за содржината на материјалите презентирани од страна на опозицијата. Со тоа уште еднаш се докажа тврдењето на опозицијата во Македонија дека не постои разграничување на државата од партијата на власт.

Истовремено, на Амбасадорката и беа презентирани можните излезни решенија од кризата кои ги предлага ЛДП.

На состанокот обострано беше договорено соработката помеѓу ЛДП и Амбасадата на Р. Франција да продолжи и во иднина“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство