Милевски: Децентрализацијата и развојот на локалната демократија, главна тема на состанокот со известувачите на Советот на Европа за локална самоуправа

Од:

Во рамките на својата мониторинг мисија на локалната самоуправа во Република Северна Македонија денеска Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа одржа онлајн состанок со министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Главна тема на дискусијата беше процесот на децентрализација, финансиските капацитети и ресурси на општините, нивните развојни можности, влијанието на Ковид кризата на функционалноста на општините, на соработката на централната со локалните власти и со ЗЕЛС, како и на меѓуопштинската соработка.

– Работната група за продолжување на процесот на децентрализација има за цел да ги заокружи работите пред локалните избори и новите градоначалници да го започнат својот мандат со проширени надлежности, но и со повеќе средства за финансирање на изворните надлежности од ДДВ, од персоналниот данок и други извори на приходи, но се ќе зависи од функционалноста на Собранието и развојот на Ковид кризата, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Тој истакна дека Владата по изборите во 2017 година изрази силна политичка поддршка за продолжување на процесот на децентрализација, а веќе од 2019 година работите почнаа и суштински да се менуваат со реализација на конкретни активности.

На состанокот, известувачите Харалд Бергман и Зденек Броз, како и претставничката на мониторинг комитетот, Свитлана Перевертен се интересираа за напредокот на земјата во реформата на локалната самоуправа од мониторинг мисијата на Конгресот на локални и регионални власти во 2012 година до сега.

Милевски истакна дека сите важни проекти се донесени во консултација со ЗЕЛС, со општините но и со опозицијата, затоа што нив ги имплементираат градоначалници од различна политички опции, а најважно е општините да бидат функционални и да ги испорачуваат услугите кон граѓаните.

– Да не гасиме пожари, туку да ги превенираме, тоа е нашиот пристап во работењето и затоа Владата по покривањето на 51% од долговите на општините во 2018 година инсистира на потранспарентно работење и пореално планирање на буџетите за да не се создаваат нови долгови.

Милевски истакна дека во 2020 и на почетокот на 2021 година, се усвоени и донесени Законот за рамномерен регионален развој, Стратегијата за регионален развој 2021-2031, Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2021-2026 година, сите подготвени од Министерството за локална самоуправа, во широка консултација со другите институции, со ЗЕЛС, со граѓанскиот и со бизнис секторот.

-Важно ни е општините да можат да ги сервисираат потребите на граѓаните а не само на вработените. Се планира успешните општини, пред се тие што успешно ќе управуваат со своите приходи од локалните даноци и такси да бидат дополнително наградени од државата, како и систем за поддршка на помалите општини кои што немаат доволно сопствени извори за финансирање, рече Милевски.

Исто така според него значајна поддршка во развојот на општините е прекуграничната соработка, финансирана со средства од ЕУ и кофинансирана од Буџетот на државата.

– Ковид кризата влијаеше и на функционалноста на општините, преку зголемување на трошоците за дезинфекција на јавните површини, за поддршка на граѓаните, намалена наплата на локалните даноци, такси и услуги пред се поради стравот на граѓаните од ширење на контакти. Во 27 општини е регистрирано опаѓање на приходите, а во 49 се намалени инвестициските активности што дополнително има влијание на развојот и на услугите, рече министерот Милевски, кој истакна дека во овие вонредни околности општините со конкретни мерки на намалување на некои локални такси ги подржале локалните бизниси и локалната заедница, а и централната власт наменски ја помогнала работата на јавните претпријатија со цел услугите да се извршуваат непречено и во периодот на здравствената криза.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска