Милевски: 140 милиони евра директна годишна поддршка за домашните фирми

Од:

Претседателот на ЛДП и кандидат за пратеник во Изборната единица 5 Горан Милевски денеска ја презентираше предизборната програма „За живот во Македонија“ во Битола.

Милевски најави поддршка за домашните претпријатија, посебно за микро, малите и средни бизниси. Според „За живот во Македонија“, глобите за компаниите ќе бидат драстично помали, а испекторите најнапред ќе опоменуваат, а потоа ќе казнуваат.

– Казните ќе бидат соодветни за големината на фирмата, драстично помали од оние што се во моментот. Планираме 140 милиони евра директна годишна поддршка за домашните фирми и поддршка на фирмите за нови вработувања. Во првите 100 денови ќе се објави и план со јасни рокови за враќање на долговите од државата кон домашните фирми и навремено исплаќање на сите идни обврски, поволни кредити за отворање микро бизниси до 15.000 евра со еден процент годишна камата, изјави Милевски.

Програмата, додаде, предвидува и сновање трговски друштва со само едно евро почетен капитал.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство