Милетиќ: Уништувањето на мојот автомобилот е закана за мене и за демократијата

Од:

Ноќеска настрадал автомобилот на лидерот на Српската Напредна Странка во Македонија, Драгиша Милетиќ. По полноќ непознато лице го искршил ветробранското стакло на автомобилот

Тој, како што јави Канал 5, ова го смета за закана.

„Мислам дека е закана. Но, ова е закана и за демократијата во Македонија“, изјави Милетиќ

Тој вели дека и порано имал закани, кои се засилиле за време на локалните избори. На автомобилот му пишувале со кармин да си оди во Србија.

Милетиќ беше еден од најжестоките подржувачи на опозицискиот блок. Дебатираше за сите проекти на Владата за кои велеше дека се ненародни и штетни.

Учествуваше и во Отпорот и држеше говори против,како што велеше уништувањето на демократијата.

Пред изборите, кога опозицијата немаше донесено одлука дали ќе учествува на изборите Српската Напредна Странка му даде поддршка на Стевчо Јакимовски за градоначалник на општина Карпош.

 

Би можело да ве интересира

Вучиќ: СНС мора да тргне од сопствените грешки – особено кога станува збор за ароганцијата и надменоста кон граѓаните

А1он

Милош Вучевиќ: Го предлагам Александар Вучиќ за претседател на СНС

А1он

Вучиќ изгуби во 26 од 29 градови во Србија

А1он

СНС едногласно одлучи: Вучиќ носител на листата и кандидат за премиер

Горан Наумовски

Драгиша Милетиќ се „збогувал“ со СНС?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Милетиќ: СДСМ да не се грижи, печатот од партијата е кај мене, не е кај Стевчо Јакимовски

Ана Ололовска