Денес се одржува седница на Главниот одбор на СНС, а прв на неа се обрати лидерот на партијата, Милош Вучевиќ.
„Имајќи го предвид сето она низ што помина нашата партија во последните две години; што преживеаја нашата земја и граѓаните во тој период; каква е изборната волја на граѓаните, односно резултатот од изборите; фактот дека сме единствената политичка партија што ја преживеа ’обоената револуција‘; дека СНС секогаш демократски одлучувала за сите прашања; и дека пред нас е нов период – период на силна борба, како во Собранието, така и во секоја општина – дојде време за ново поглавје во нашата партија, за нова сила и енергија“, изјави тој.
Врз основа на член 27 од Статутот, тој предложи свикување вонредна седница на Собранието на СНС за 13 декември 2026 година, на која ќе се избере ново партиско раководство и партијата ќе се подготви за претстојниот период.
„Да ги расчистиме работите во сопствениот дом и, со нов оптимизам, да ја подготвиме партијата за идните политички предизвици. Нека СНС ја предводи Србија во политичката борба против теророт. Јас сум првиот што го предлага Александар Вучиќ за нов претседател на Српската напредна странка“, рече Вучевиќ.
