Вучевиќ: Ја почитуваме волјата на народот, проблемот е што ќе се случува со Србија по победата на Студентската листа

Од:

Претседателот на Српската напредна странка (СНС), Милош Вучевиќ, денеска изјави дека партијата ја почитува изборната волја на граѓаните, но дека проблемот е што ќе се случува со Србија по победата на Студентската листа.

– Ќе видите за шест месеци какви биле тие измами и лаги и каква ќе биде нивната политика. Нашиот проблем е што ќе се случува со Србија, но ја почитуваме волјата на народот, рече Вучевиќ.

Тој додаде дека прес-конференцијата на Александар Вучиќ, на која го призна изборниот пораз, претставува камен-темелник на демократијата.

Како што наведе, изминатата ноќ не била лесна, но изрази гордост што граѓаните на Србија во голем број излегле на гласање, а особено ги истакна сопартијците и Александар Вучиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Политика“: Лидерот на Кавачкиот клан го славеше поразот на Вучиќ

(ВИДЕО) Одборниците на „Крени-Промени“ ја пресекоа оградата и го отворија Пионерскиот парк

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Што пишуваат руските медиуми за падот на Вучиќ?

Горан Наумовски

РИК обработи 8.077 избирачки места: „Студентска листа“ освојува 52,54 отсто, а „Обединета Србија“ 39,29 отсто

Странските медиуми за пoразот на Вучиќ: „Сеизмички потрес на Балканот“

Горан Наумовски

Уапсен осомничен за нападот врз мајката на Вучиќ