Србија: Изборите се повторуваат на 53 избирачки места, ќе се гласа во недела

Од:

Предвремените парламентарни избори во Србија ќе се повторат на 53 избирачки места во недела, на 1 ноември. На овие места гласањето е поништено или не можат да се утврдат резултатите од 25 октомври. Вечерва на полноќ почнува предизборниот молк, кој ќе трае до затворањето на избирачките места.

Републичката изборна комисија (РИК) донесе решенија за спроведување повторно гласање во недела, на 1 ноември, на 53 избирачки места на кои е утврдено дека не можат да се утврдат резултатите од гласањето.

Изборите ќе се одржат од 7 до 20 часот. Право на глас на повторените избори имаат 24.438 граѓани, а РИК донесе одлука да се испечата истиот број гласачки ливчиња.

Претседателот на РИК, Владимир Димитријевиќ, изјави дека гласањето за избор на народни пратеници се повторува на избирачките места за кои надлежните локални изборни комисии со свои решенија утврдиле дека резултатите не можат да се утврдат. Станува збор за вкупно 31 избирачко место.

Тоа се избирачките места број 3, 13, 24, 42, 46 и 47 во Алексинац; избирачкото место број 19 во Бачка Топола; избирачкото место број 10 во општина Бојник; избирачките места број 17, 27, 35, 39, 40, 46 и 47 во општина Владичин Хан.

Гласањето ќе се повтори и на избирачкото место број 20 во општина Инѓија; избирачките места број 4, 10, 14, 26 и 32 во општина Коцелјева; избирачкото место број 14 во општина Кула; избирачкото место број 30 во општина Куршумлија; избирачките места број 28, 29, 30, 34 и 35 во општина Мајданпек; избирачкото место број 73 во Суботица; избирачкото место број 16 во општина Ќуприја и избирачкото место број 35 во општина Шид.

Гласањето ќе се повтори и на 22 избирачки места на кои, со решенија на изборните и локалните изборни комисии, претходно било поништено.

Тоа се избирачките места број 16 и 74 во Алексинац; избирачките места број 24, 26 и 36 во општина Бабушница; избирачките места број 34, 40 и 44 во општина Бачка Топола; избирачките места број 1 и 25 во Земун; избирачкото место број 4 во општина Кањижа; избирачкото место број 111 во градот Крушевац; избирачкото место број 13 во општина Куршумлија; избирачкото место број 32 во градот Лозница; избирачкото место број 20 во општина Љиг; избирачкото место број 81 во Нови Пазар и избирачкото место број 27 во општина Петровац на Млави.

Изборите ќе се повторат и на избирачкото место број 33 во градот Пирот; избирачкото место број 3 во градот Пожаревац; избирачкото место број 12 во градот Прокупље; избирачкото место број 66 во општина Трстеник и избирачкото место број 21 во општина Ќуприја.

Би можело да ве интересира

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Србија: Се чекаат конечните резултати на РИК, рокот за избор на нова Влада е 90 дена од конституирањето на Парламентот

Вучевиќ: Ја почитуваме волјата на народот, проблемот е што ќе се случува со Србија по победата на Студентската листа

(ВИДЕО) „Политика“: Лидерот на Кавачкиот клан го славеше поразот на Вучиќ

(ВИДЕО) Одборниците на „Крени-Промени“ ја пресекоа оградата и го отворија Пионерскиот парк

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Што пишуваат руските медиуми за падот на Вучиќ?

Горан Наумовски