Милетиќ ќе го врати мандатот, Величковски непрецизен

Од:

Драгиша Милетиќ вчера не се појавил на Конвенцијата на „Сојузот за иднина“ зашто тоа ќе било некоректно од негова страна, меѓутоа тоа ништо не менувало и најави дека ќе ја поднесе оставката на 24. март, изјави лидерот на СНС за Плусинфо.

-Од моја страна ќе беше некоректно да се појавев на конгресот на опозицијата во Куманово, бидејќи за тој регион мојата партија има кандидат за градоначалник, а исто така и двајца советници. Но, јас не се откажувам од отпорот, останувам со опозицијата и ќе го вратам мојот пратенички мандат во март, изјави Драгиша Милетиќ од СНС.

Ивон Величковски од Либералната партија, пак, кој исто не се појави на Конвенцијата смета дека враќањето на мандатот е само техничко прашање. Двајцата партиски лидери за „Плусинфо“ ги презентираа позициите што ќе ги заземат наредниот период.

-Либералната партија доцна доби Декларацијата на опозицијата и допрва ќе ја разгледуваат органите на партијата, а потоа ќе се произнесеме дали ќе ја потпишеме, изјави Ивон Величковски.

Величковски нејасен е дали ќе ја поддржи одлуката на Сојузот за иднината и ќе го врати мандатот на 24 март. Тој ова политичко прашање го сведува на техничко.

-Не би сакал да дискутирам за технички прашања, рече лидерот на Либералната партија.

Пред три дена информациите дека Величковски и други пратеници од ЛП кои се на листите не сакаат да се откажат од пратеничките мандати тој ги нарече манипулација и категорично ги негираше.

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска