Милчин: Комисијата за лустрација како света инквизиција

Од:

Повторно жестока расправија меѓу лустраторите кои не можат да се договорат кој се треба да биде лустриран откако Собранието донесе нов закон со истите одредби кои ги укина Уставниот суд.

Проблемот настана кога претседателот на Комисијата за верификација на фактите Томе Аџиев на маса ги стави повторно поранешните функционери за лустрација, а меѓу нив и Владимир Милчин. Тој од комисијата еднаш беше посочен како соработник на службите, но откако Уставниот суд укина дел од одредбите на Законот за лустрација, Управниот суд, по автоматизам, без да се оддржи судско рочиште, ја поништи одлуката на Комисијата.

Членовите на Комисјата од редовите на опозицијата но поддржани и од членовите на ДУИ ја одложија расправата за в четврток по оваа точка.

Лустраторите избрани од опозицијата бараат да се тргне Владимир Милчин од расправата зашто Уставниот суд веќе донел одлука со која процесот на лустрирање поранешни функционери го прогласил за неуставен.Оттука сметаат дека како и да се вика новиот закон, процесот е ист и важи одлуката на Уставниот суд.

Пред еден месец, Владимир Милчин испрати јавно писмо до претседателот Ѓорѓе Иванов да не го потпише Указот за новиот Закон за лустрација, бидејќи со него се урива уставниот поредок на државата.Но, претседателот Иванов го потпиша указот, па сега се најавува кривична пријава и против Претседателот на државата.

Комисијата за лустрација е како света инквизиција, вели Милчин во интервју за А1, кое деновиве ќе можете да го проследите во целост.

Би можело да ве интересира

Сорос тврди дека поразот на Русија во Украина ќе ја распадне „Руската империја“

Сорос и Гејтс ќе ја преземат фирмата за брзи ковид тестови

Ана Ололовска

ПроПублика: Маск, Сорос, Безос не плаќале данок на доход со години

Ана Ололовска

Највисокиот суд на ЕУ против унгарските закони што го погодија универзитетот на Сорос

Ана Ололовска

Според Сорос, Си е закана за ЕУ

Ана Ололовска

Орбан: Сорос стои зад миграцијата на Балканот

Ана Ололовска