(ВИДЕО) Миланов: Диво Насеље не беше тероризам

Од:

Адвокатот Еленко Миланов бранител на дел од осудениците за Диво Насеље, на денешната јавна седница на Апелацискиот суд за жалбите на пресудите за случајот, рече дека немилиот настан во кумановско Диво Насеље каде загинаа 8 припадници на полицијата не е терористички акт.

-Основната грешка во постапката е обвинителството и правната квалификација “Тероризам” за она што се случи на 9 и 10 мај 2015 година во Диво Насеље. Обвинителството се впушти да докажува тероризам. Неспорно е дека имаме страшен настан, но тоа не е тероризам. Ова не е тероризам бидејќи во Диво Насеље полицијата вршеше претрес, ова не е акт врз институција. Лицата дадоа отпор, има многу други случаи каде е даден отпор врз полицијата со оружје, па не се сметало за теорирзам, рече Миланов.

Бранителот исто така напомена дека немало никаква еднаквост на оружјата при судската постапка. Миланов се пожали дека на обвинителството биле прифатени 2 докази, вештачење и ЦД материјал, надвор од сите рокови на ЗКП, додека пак на обвинетите не им бил дозволен ниту еден доказ.

Ова е втор ден како се одржува јавната седница за настаните од Диво Насеље. Вчера, осудениците во своето групно излагање побараа меѓународна истрага, рекоа дека не го признаваат судот и дека адвокатите кои им се доделени не можат да зборуваат наместо нив.

Осудениците пред Судот кажаа дека целиот судски процес е изрежиран од страна на коалицијата Груевски – Ахмети и побараа како сведоци да бидат прифатени експремиерот Никола Груевски, ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, лидерот на ДУИ Али Ахмети, поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Стојанче Ангелов, Муса Џафери, Садула Дураку и останати високи поранешни и актуелни функционери на ДУИ.

По ова осудениците ја напуштија јавната седница која ќе продолжи само во присуство на нивните адвокати.

Основниот суд Скопје 1 во 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече единствена затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата. На шеснаесет обвинети судот им изрече и казна протерување странец засекогаш од територијата на Република Северна Македонија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Спасовски: Хероите вечно живеат, ова спомен обележје нека ја пренесе пораката за длабока почит, љубов кон татковината, мир и соживот

Спасовски: Осум години од „Диво насеље“ – Никогаш да не се повтори!

Ана Ололовска

Алтернатива тврди дека мнозинството зависело од ветувањето на Ковачевски за меѓународна истрага за „Монструм“ и „Диво Насеље“

Орце Костов

Шести ден штрајк на осудените за Диво Насеље, бараат подобри услови

Кристијан Ландов

Откриена спомен биста во Брвеница на загинатиот припадник на единицата „Тигар”, Жарко Кузмановски

Смртни закани за новинарот кој ги нарече криминалци членовите на „Кумановската група“, уапсени две лица

Катерина Ѓуровски