Мијатовиќ до Поповски: Власта да ги истражи и осуди нападите врз новинарите

Од:

Транспарентна и брза истрага по неодамнешниот напад на новинар во земјава бара Дуња Мијатовиќ, претставничка на ОБСЕ задолжена за слободата на медиумите, во писмото до министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Мијатовиќ пишува дека на 28 јуни, новинарката Корнелија Кребс, која известувала за состојбата со мигрантите за австрискиот јавниот сервис ОРФ, била физички нападната од униформирано службено лице на границата со Грција кое се обидело да и ја земе камерата и другата новинарска опрема. Кребс за инцидентот ја известила полицијата.

„Овој напад е целосно неприфатлив, што претставува директна закана за слободата на медиумите“, му напишала Мијатовиќ на министерот Попоски.

Мијатовиќ потенцира дека „истражувачкото новинарство е еден од столбовите на слободата на медиумите и новинарите мора да бидат слободни за да известуваат за прашања од јавен интерес без страв од насилство. Властите треба јавно да ги осудат овие и сите други напади на новинари и медиумски работници и мора да се обезбеди брза и транспарентна истрага. Не смее да постои неказнивост за напади или за закани против новинарите”, пишува Мијатовиќ во писмото до министерот Поповски.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија