Мијалков остана без полициско обезбедување

Од:

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков остана без полициското обезбедување, потврдуваат од министерството за внатрешни работи. Како што дознаваме, ваквата одлука била донесена пред празникот.

МВР извршиле безбедносни проценки и заклучиле дека Мијалков нема потреба од полициско обезбедување.

Мијалков доби службено полициско обезбедување по напуштењето на функцијата директор на УБК во мај 2015. година. На судењата во кои е обвинет Мијалков доаѓаше во придржуба на обезбедувањето од шестата управа на МВР.

Би можело да ве интересира

Левица: Хотелот на Мијалков нема решение за Елаборат – Пецаков го штити дивеењето

Левица: Инспектор постапил незаконски при надзор над хотелот на Мијалков

Горан Наумовски

Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро, обвинува Левица

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник