Мијалков му враќа на Мицкоски: Дали цената за амнестирање на твоите криминали е губење на изборите?

Од:

Ексдиректорот на УБК, како и поранешен партиски функционер, Сашо Мијалков го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека преку медиумите шири лаги за него и му порача да го искористи времето додека претседателот на СДСМ, Зоран Заев е на одмор, за да ги убеди партиите на Албанците да коалицираат со него. Реакцијата на Мијалков доаѓа откако Мицкоски во телевизиско гостување посочи дека ексдиректорот на УБК одработува за Заев, а пак, поради тоа, судии не закажувале судски рочишта за него. Мијалков повторно посочи дека Мицкоски не заслужува да е лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски несериозно целото свое внимание и вниманието на медиумите блиски до него го насочува во објавување на лаги за мене, меѓу многуте и една голема, дека некој судија заборавил да закаже рочиште. Не заборавил никој, туку поротник замина во пензија и според законот за к.п. постапката се враќа од почеток, процес на кој не може ниту јас ниту било кој политичар да влијае. Три години не сум во раководните структури на партијата. Не учествував во изготвување на програмата, а уште помалку во изборот на кадровските решенија. Мицкоски може да лаже колку сака, но вината за поразот е каj него“, напиша Мијалков на социјалните мрежи.

Мијалков му порача на Мицкоски дека одработува за Заев и со тоа што медиумскиот простор го троши за пресметка со сопартијци наместо да составува влада.

„Пред изборите слушнавме десетици обвинувања за криминал со хидроцентралите, за сомнителни исплати од ЕЛЕМ, за незаконско финансирање на кампањата, за сомнителни договори за локалните избори во Охрид, па дури и за непотизам при вработувањето на факултет. Сепак нема кривична постапка за ниту еден предмет, а уште помалку притвор за Мицкоски. Малку е чудно што Мицкоски обвинуваше дека Заев го контролирал судството и обвинителството, а сега за него нема ни притвор, ни пријава. Затоа легитимно се поставува прашањето дали цената на амнестијата на Мицкоски е губење на изборите и уште колку избори Мицкоски треба да загуби?“ додава Мијалков.

Тој смета дека доколку Мицкоски му дозволи на Заев да ја направи новата влада и не успее да испреговара поинакво мнозинство, дефинитивно треба да си замине и да ја ослободи партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Разликата по вчерашниот изборен ден е цунамито кое се крева, народот се излеа и тој бран на промени ќе ја порази оваа власт

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Се слушнав со Таравари, во деновите што следат ќе разговараме со сите кои се против политиките на СДСМ и ДУИ

Анита Петровска Рајковиќ

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата

Горан Наумовски

Мицкоски: Се чувствува дека Силјановска Давкова ја има довербата од граѓаните, се ближи крајот на принципот на ДУИ и СДСМ како до сега

Предраг Петровиќ

Мицкоски: На Македонија и треба претседател, а не измеќар на ДУИ

Горан Наумовски