Мијалков фати корона откако излезе од притвор, поради него се одложи судењето за „Плацови на Водно“

Од:

Ексдиректорот на УБК, Сашо Милајков по излегувањето од затворот „Скопје“ во Шутка, фатил коронавирус. Ова е вторпат како тој се изјаснува дека е позитивен, што денеска беше причина да се одложи рочиштето за „Плацови на Водно“. Дека е заразен, до судијата Илија Трпков била доставена и медицинска документација. Според неа, ако Мијалков има симптоми, нема да може да оди на судења во следните 20 дена, а ако не, од изолација ќе излезе за десет дена. Инаку, Мијалков беше позитивен на вирусот и во 2020 година, поради што се одложуваа судењата за „Таргет-тврдина“, каде доби 12 годишна затворска казна.

Заразени со вирусот се и адвокати кои ги застапуваат обвинетите во „Плацови на Водно“. Но тие не се пречка за одржување на рочиштата, бидејќи сите имаат по најмалку двајца бранители кои ги бранат пред судот.

На рочиштето се појави бизнисменот Орце Камчев заедно со неговата мајка Ратка, кои по одложување на рочиштето, ја напуштија судската зграда.

Инаку, обвинетите Мијалков и Камчев излегоа од притвор откако приложија гаранција од скоро 11 милиони евра, во имот и готовински средства. Тие сега се бранат од слобода. Во отсуство му се суди и на Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта.

Според обвинението, Груевски, во периодот од 2006 до 2012 година, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од парите што биле давани како донации за финансирање на партијата не ги прикажал како примени донации, туку ги присвоил за себе. Станува збор за 1,3 милиони евра.

Во средината на 2012, според обвинението, тој дознава дека физички лица кои се иселени од државата преку посредници продаваат земјиште од околу 11.000 квадратни метри на Водно и бара од Мијалков да му помогне да го купи ова земјиште, ама да се прикрие изворот на парите. Мијалков стапува во контакт со обвинетиот Ненад Јосифовиќ, кој бил сопственик на веќе регистрирана офшор фирма во Белизе, и се договорил оваа фирма да биде основач на домашна фирма која ќе биде употребена за да се купи земјиштето. На домашната фирма управител станува Ристо Новачевски, кум од првиот брак на Груевски.

Откако била постигната согласност за купопродажната цена, според обвинението, во повеќе наврати на девизната сметка на скопската фирма, преку сметката на фирмата од Белизе парите се пуштаат во оптек, а Новачевски во својство на управител на фирмата со сопствениците на земјиштето потпишува договор за купопродажба за купување на шума со површина од 11.255 квадратни метри и за тоа плаќа 1,2 милиони евра.

Во 2015 година се менува ГУП на Град Скопје- овие парцели се пренаменуваат во градежни, а и уделот на фирмата од Белизе се пренесува на име на Јордан Камчев и неговата мајка Ратка Камчева, а плацовите се делат на три дела.

Освен ова, Груевски, според обвинението, како службено лице со намера да го прикрие имотот со кој се стекнал додека вршел државна функција, а кој ги надминува неговите приходи пријавени во анкетниот лист, дал непотполни податоци за недвижниот имот што го поседува, а фиктивно се водел на обвинетиот Новачевски. Па така, тој во анкетниот лист за имотната состојба не пријавил два стана во Скопје со површина од 38 и од 57 квадратни метри, градежно земјиште во Центар во Скопје со површина од 2.729 квадратни метри и две градежни парцели во Крушево.

Притвор беше определен и за поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство од земјава и е азилант во Будимпшета. Мерки на претпазливост им беа определени и на обвинетите Ненад Јосифовиќ и Ратка Камчева.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков