Мијалков до Мицкоски: Ако не составиш влада, надмини ја суетата и понеси одговорност за поразот

Од:

Македонскиот бизнисмен и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, вели дека ВМРО ДПМНЕ ги плаќа грешките на Христијан Мицкоски.

„Имаш максимална поддршка од мене да составиш влада и во судиското продолжение да го свртиш резултатот. Доколку го сториш тоа, јас ќе бидам првиот кој ќе ти честита. Доколку не успееш, тогаш ќе мора да понесеш одговорност затоа што му овозможи на СДСМ повторно да формира влада. Барањето на одговорност од тебе и твојот тим, не е напад на ВМРО ДПМНЕ. Обиди се да ја надминеш суетата. Не се поистоветувај со партијата. Не те личи. На ВМРО ДПМНЕ ќе му тргне тогаш кога ќе добие сериозно лидерство“, напиша Мијалков на Фејсбук.

Според Мијалков, доколку СДСМ би можеле да бираат, уште десет пати би го избрале Мицкоски за лидер на ВМРО ДПМНЕ.

„Ти и сите околу тебе кои се борат да останеш претседател, се тие кои што одработуваат за Заев, затоа што со тебе на чело, ВМРО ДПМНЕ никогаш нема да се врати на победничка патека, а тоа е единствено во интерес на Заев и СДСМ. Човек што разединува и не ја бара одговорноста во себе, нема лидерски капацитет“, пишува Мијалков.

Тој смета дека предизборната кампања на ВМРО ДПМНЕ не ги привлекла неопределените гласачи и кандидатите за пратеници биле лошо избрани од Мицкоски.

„Христијан грешиш, а очекувано е да грешиш кога те фаќа паника и мора да се правдаш и да смислуваш приказни за да ги оправдаш грешките.
Грешиш како што грешеше постојано овие три години . Твоите грешки, за жал ги плаќа ВМРО ДПМНЕ , а тие резултираа со два изборни порази на Претседателските и Парламентарните избори, а ги загуби и Локалните избори во Охрид и во Ново Село.

На сите овие избори, вклучително и на последните ти си тој што директно одработи за СДСМ“, напиша Мијалков.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

Мицкоски: „Јас ви гарантирам – за три години Македонија ќе биде уште подобро место за живеење“

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Филипче: Повикувам на мобилизација, да со спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри

ВИДЕО: Мицкоски има две третини во Собранието, не му треба СДСМ за предвремени избори, не влегуваме во таа игранка, порача Филипче

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: СДСМ нема да биде алиби за предвремени избори, вели Филипче

Катерина Ѓуровски