Михајловски за 27 април: Во Собранието не пречекаа со отворени врати, фалеше уште шведска маса

Од:

Во Собранието на РМ, не пречекаа со отворени врати. Недостасуваше уште шведска маса и се да биде на ниво, рече Вилијам Михајловски обвинет за насилниот упад во Собранието на РМ на 27 април.

Михајловски тврди дека на критичниот ден пред Собранието дошол само со еден пријател што е спротивно на обвинението на ОЈО во кое се вели дека тој бил еден од организаторите на толпата граѓани при упадот во парламентот.

-Кој фактор сум јас во оваа држава да соберам толпа народ, па уште и да ја предводам.Доколку можев да соберам толку луѓе сега ќе бев пратеник и ќе бев амнестиран, вели Михајловски.

За влегувањето во прес-центарот, Михајловски вели дека го повлекла атмосферата и толпата луѓе кои ги следел, а за кои не знаел каде одат бидејќи не го познавал Собранието.

За крвавиот четврток беа обвинети 33 лица од кои 15 беа амнестирани меѓу кои се најдоа пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски кои беа обвинети за отварање на собраниските врати, како и пратениците Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.

Со законот за амнестија опфатени беа и предводниците на протестите „За заедничка Македонија”, Богдан Илиевски, Борис Дамовски и Владо Јовановски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски