ВИДЕО: Михајлова не дозволи да се соочат Груевски и Жерновски

Од:

Судијката Татјана Михајлова повторно го одложи судењeто за случајот „Шамари“ во Центар и не дозволи да се соочат обвинетиот Никола Груевски и оштетениот Андреј Жерносвки.

Михајлова судењето го закажа за 28 јуни, со образложени дека тројца од обвинетите не биле пристутни. Обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски побара од Михајлова да ги даде снимките од првото рочиште на Обвинителството, нешто што СЈО го бара веќе подолго време, по што судијката кажа дека таа камера не била стенограм, туку била за потребите на Судот и не можела да ги даде никаде.

СЈО побара притвор за тројцата кој не беа присутни на судењето, а одбраната рече дека дел од нив биле оправдано отсутни, а било можно и останатите да бидат оправдано отсутни.

Бубевски по судењето кажа дека обвинителката Фатиме Фетаи е службено отсутна, но од наредното рочиште таа ќе продолжи со предметот.

– Денешното рочиште се одложи поради неприсуство на дел од обвинетите, така беше соопштено официјално. Причините поради кои не присуствуваа никој не ги соопшти, рече Бубевски.

Во врска со недавањето на видеото од првото рочиште, тој истакна дека тоа не е домашно видео за да е приватно, и дека оваа установа треба да има дигнитет.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски